
Гранит Џака постигнал усмен договор за неочекуван трансфер во саудискиот клуб Неом, со што сериозно ги нарушува плановите на Милан и новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг. Според информации од „Скај Спорт“, швајцарскиот репрезентативец ја прифатил понудата од Неом, која му гарантира годишна плата од 10 милиони евра.
32-годишниот играч од средниот ред, кој одигра клучна улога во освојувањето на титулата во Бундес-лигата сезонава 2023/24, е на чекор до заминување од Баер Леверкузен, само две години по доаѓањето од Арсенал.
Клубот од Бундес-лигата го проценил Џака на 6 милиони евра, а преговорите со саудискиот тим засега се одвиваат без проблеми. Се очекува трансферот да биде официјализиран во текот на оваа недела.
Милан се надеваше дека ќе го ангажира Џака како дел од реконструкцијата на средниот ред, особено по неуспешниот обид да го доведе Ардон Јашари од Бриж. „Росонерите“ беа веќе во напредни разговори со швајцарецот, но ненадејното вклучување на Неом и недостигот на конечен договор со Леверкузен ја сменија целата слика.
Фенербахче, исто така, го следи развојот на ситуацијата и би можел да се вмеша ако трансферот во Саудиска Арабија пропадне. Сепак, сè укажува дека Џака е подготвен да прифати нов предизвик на Блискиот Исток.
Ова заминување претставува уште еден удар за Ерик тен Хаг, кој штотуку ја презеде клупата на Баер Леверкузен, а веќе се соочува со заминувањата на важни играчи како Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Џонатан Тах.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Интернационалци
Столе Димитриевски се сели во Леванте?

Евро-фудбал
Наполи го договори и Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)
