
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го прокоментира поразот на својот тим со 0-3 од Челзи во финалето на Светското клупско првенство. Шпанскиот стратег беше видно изнервиран по натпреварот и удри еден од стрелците на голови за противничкиот тим, Жоао Педро.
„Имаше ситуација која можеше да се избегне. Се обидував да ги смирам играчите. Видов дека и Мареска турна некого. Немам проблем да ги споделам своите чувства. Повторувам, сакав да спречам натамошна ескалација на тензиите. Тоа не беше најдобрата одлука. Немам што повеќе да додадам“, изјави Луис Енрике во врска со инцидентот.
„Ние не сме губитници. Завршивме како второпласирани, сме вицешампиони. Губитник е оној што се предава. Во спортот на вакво високо ниво, нема вистински губитници“, додаде Енрике.
Парижаните не успеаја да го освојат својот петти трофеј оваа сезона, откако претходно ја освоија тројната круна во Франција и за првпат во историјата ја освоија Лигата на шампионите.
За Луис Енрике, ова беше прв пораз во финале во неговата тренерска кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Столе Димитриевски се сели во Леванте?

Евро-фудбал
Наполи го договори и Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
