Connect with us

Луис Енрике ги загуби нервите и го нападна Жоао Педро (ВИДЕО)

Луис Енрике не го прифати добро поразот во финалето на Светското клупско првенство, каде што неговиот тим беше убедливо поразен од Челзи со 3-0. Шпанскиот стратег не успеа да ги контролира емоциите и направи недоличен гест за време на прославата на лондонскиот клуб.

Во еден момент, додека играчите на двата тима се поздравуваа, Енрике се доближи до група фудбалери и физички се соочи со напаѓачот на Челзи, Жоао Педро. Со раката го турна во лицето, што предизвика бурна реакција од Бразилецот, иако потегот на тренерот беше повеќе импулсивен отколку насилен.

Малку порано на натпреварот, и Жоао Невес изгуби контрола – тој го влечеше Марк Кукуреља за косата, по што доби директен црвен картон од судијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови