Интересот за напаѓачот на Челси, Николас Џексон, не стивнува. Дури три италијански клуба, Милан, Наполи и Јувентус, го искажаа својот интерес за 24-годишниот сенегалски фудбалер, а покрај нив, се јавија и клубови од Саудиска Арабија.
Најнов клуб што се приклучи во трката за неговиот потпис е шпанскиот гигант Барселона.
Сепак, Челси не планира лесно да се раздели со Џексон. Тренерот Енцо Мареска е задоволен од неговите способности и го вклучил во своите планови за претстојната сезона.
Раководството на лондонскиот клуб се обиде да ги одврати заинтересираните страни, поставувајќи цена од 100 милиони фунти за неговиот трансфер. И покрај тоа, не е исклучено Џексон да го напушти „Стемфорд Бриџ“ доколку се постигне договор за нешто пониска сума.
Џексон пристигна во Челси од Вилјареал во 2023 година, а досега има одиграно 81 натпревар во сите натпреварувања и постигнато 30 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













