Легендарниот бразилски напаѓач Роберто Фирмино донесе одлука да ја заврши својата етапа во Ал-Ахли по две години.
Во иднина тој ќе настапува за катарскиот клуб Ал-Сад, иако другите детали околу трансферот засега не се објавени.
Во дресот на Ал-Ахли, Фирмино го освои азиското издание на Лигата на шампионите и забележа 65 настапи, при што постигна 21 погодок и запиша 17 асистенции.
Ал-Сад, предводен од шпанскиот стратег Феликс Санчез, е актуелен шампион на Катар, и има освоено четири титули во последните пет сезони. Фирмино таму ќе се приклучи на тројца сонародници, Пауло Отавио, Џовани и Клаудињо.
Фирмино има 33 години, а пред да се пресели во Азија, осум сезони го носеше дресот на Ливерпул, каде стекна статус на клупска легенда. Претходно играше и за Хофенхајм, како и за бразилските клубови Фигуиренсе и Тобенсе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













