
Интер направил обид да ја „украде“ една од главните трансферни цели на градскиот ривал Милан, Ардон Јашари. „Нероаѕурите“ го понудиле Александар Станковиќ, плус 30 милиони евра за Јашари, кој веќе подолго време е во фокусот на Милан.
Покрај тоа, Интер испратил понуда и за дефанзивецот Жоел Ордонез.
Двајца од челниците на Клуб Бриж биле во Милано, каде се сретнале со раководството на Интер. Причината за средбата бил интересот на белгискиот клуб за младиот играч од средниот ред Станковиќ, кого Интер е подготвен да го продаде, но сака да задржи клаузула за откуп по определена цена.
За време на разговорите, Интер се обидел да преговара и за Јашари, нудејќи 30 милиони евра, но бил одбиен.
Од една страна, Бриж не сака да се раздели со својот највреден фудбалер, а од друга – Јашари од детство е навивач на Милан и сака трансфер кај „росонерите“.
Неуспешен бил и другиот обид на Интер, понуда од 22 милиони евра плус Станковиќ за правата на Ордонез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
