Младата репрезентација на Македонија пропушти одлична можност и за трет триумф на стартот од квалификациите за ЕП 2021, откако ремизираше (1-1) со Казахстан во 3. коло од Групата 6.
И покрај одиграниот натпревар во кој имавме тотално контрола на играта и резултатот, дозволивме Казахстанците од само една шанса да постигнат гол во 75. минута за конечни 1-1, и покрај нашето водство од 1-0 уште од 20. минута преку Милан Ристовски.
А, одлично почна мечот за избраниците на Благоја Милевски. По акцијата на Митровски, Милан Ристовски со глава од десеттина метри се обиде но млак удар кон голот на Казахстанците.
Но, тоа што не му успеа во 10. минута реализирано во 20. минута кога Ристовски украде една топка на 40 метри и во брз напад избивајќи сам пред противничкиот гол ефектно шутираше за водство од 1-0.
Во продолжението активна доминација на Македонија, па Чурлинов во 24. минута и Ристовски во 28. минута во две убави шанси, но голманот на Казахстанците спречи зголемено водство.
Во 40. минута одлична соло акција на Димитар Митровски, си создаде убава позиција за шут од 16 метри, но млако само во рацете на противничкиот чувар на мрежата.
Второто полувреме почна повторно со активна офанзива на македонскиот состав, Даци се најде во убава шанса во 48. минута, но гостинската одбрана расчисти во последен момент. Во продолжението комплетна контрола на играта на момците во црвено, Атанасов убаво шутираше од 18 метри во 65. минута но за малку непрецизно. Во 69. минута и Чурлинов се обиде од слободен удар од 25 метри, но Сисен брани.
И кога не се користат шансите, Казахстанците од првата своја шанса стигнаа до израмнување во 75. минута кога Омиртајев погоди по прекин со помалку случаен шут од 12 метри.
До крајот и покрај обидите на македонските фудбалери, без 100% можност за триумф, за конечни 1-1.
У21 – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021 (ГРУПА 6)
МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН 1-1 (1-0)
Стадион на тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје. Гледачи: 400. Ж. картони: Личина, Здравковски, Тодороски, Атанасов (М), Паируз, Сагнајев, Кусјапов (К). Стрелци: Ристовски 20′ (М), Омиртајев 75′ (К).
МАКЕДОНИЈА: Јанков, Тодороски, Личина, Руфати, Антовски (85′ Јованов), Даци (60′ Ацковски), Здравковски, Атанасов, Митровски (60′ Абаз), Чурлинов (72′ Трапановски), Ристовски (72′ Крстовски)
Селектор: Благоја Милевски
КАЗАХСТАН: Сисен, Касим, Оринбасар, Адахајев, Најарјан, Сидекмет, Паируз, Бачек, Сагнајев, Омиртајев, Кусјапов
Селектор: Александар Москаленко
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski