Connect with us

Барса расчистува: Седум фудбалери на излезна врата заради Нико Вилијамс и Жоан Гарсија

Барселона подготвува сериозна реконструкција на тимот во летниот преоден рок. Каталонскиот клуб е подготвен да се раздели со дури седум фудбалери за да обезбеди финансиски простор за регистрација на новото засилување Жоан Гарсија и долго посакуваната ѕвезда Нико Вилијамс.

Според „Мундо Депортиво“, на списокот на потенцијални заминувања се најдоа: Ансу Фати, Пау Виктор, Пабло Торе, Ињаки Пења, Ориол Ромеу, Андреас Кристенсен, како и изненадувачки – Марк-Андре тер Штеген.

Иако Тер Штеген изразил желба да го испочитува договорот до 2028 година, а продажбата на германскиот чувар на мрежата изгледа малку веројатна, останатите имиња се под лупа. Посебно се следи ситуацијата со Ансу Фати, чии преговори за трансфер во Монако не доведоа до конкретен исход.

Каталонскиот гигант и понатаму се соочува со сериозни финансиски ограничувања. Правилото 1:1 на Ла Лига – кое бара трошење во рамки на заработеното – остава малку простор за маневар. Затоа, продажбата на играчи не е само стратегија, туку и нужност.

И покрај предизвиците, претседателот Жоан Лапорта уверува дека „ќе следи возбудлива сезона“, најавувајќи дека пречките ќе бидат надминати. Дали и кога ќе пристигнат Вилијамс и Гарсија сè уште е под знак прашалник – и зависи од тоа кој ќе ги напушти „Камп Ноу“ во наредните недели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови