Македонската фудбалска репрезентација го насочува фокусот кон утрешниот дуел против Казахстан, а еден од најважните адути на селекторот Благоја Милевски повторно ќе биде сигурниот чувар на мрежата, Столе Димитриевски.
Голманот на Валенсија и овојпат се наоѓа во одлична форма, а неговите интервенции против Белгија беа клучни за освоениот бод. Очекувањата се исти и за натпреварот во Астана, каде Македонија ќе се обиде да излезе со позитивен резултат по напорното патување.
„Имавме долг и напорен пат до Астана, но атмосферата е одлична. Имаме позитивна енергија и подготвени сме да дадеме сè од себе. Сакаме повторно да одиграме цврсто и дисциплинирано, како против Белгија. Ќе биде тежок меч – многу потежок отколку што некои очекуваат. Но, ние сме фокусирани и максимално мотивирани да освоиме три бода“, изјави Димитриевски.
Иако Казахстан на хартија делува како полесен противник, Димитриевски предупредува дека нема место за потценување.
„Имаат свои квалитети, сакаат да играат модерен фудбал, да создадат бројна надмоќ во нападот. Тоа значи дека ние мора да бидеме внимателни и дисциплинирани во секоја секунда. Ќе мора да бидеме целосно фокусирани – тоа е единствениот начин да излеземе како победници“, додаде нашиот прв голман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













