Македонската фудбалска репрезентација вчера одигра одличен натпревар против моќната Белгија на националната Арена „Тоше Проески“ во Скопје. Во рамките на квалификациите за СП 2026, избраниците на Благоја Милевски ремизираа 1-1, иако со малку среќа можевме да стигнеме и до сензационална победа.
Околу 30.000 навивачи на трибините беа сведоци на една од најдобрите партии на нашите „црвено-жолти“ во последниве години. Енергијата на публиката, поддршката до последниот свиреж и единството кое се чувствуваше, беа нешто што ретко се гледа. Барди, Елмас, Миовски, Џани, Столе и целата репрезентација оставија срце на терен, играјќи со жар и дисциплина.
Сето тоа не можеше да помине незабележано. Денеска Фудбалската федерација на Македонија, предводена од претседателот Масар Омерагиќ, испрати големо „благодарам“ до народот, навивачите и сите кои беа дел од фудбалскиот спектакл.

„Вие сте нашата сила. Ви благодариме за поддршката, ова е наш заеднички пат кон нови успеси!“, се вели во пораката од ФФМ.
Јасно е – новата енергија во ФФМ носи нов дух и во репрезентацијата. Се гледа посветеност, професионалност и јасна цел – Македонија да биде постојан учесник на големите натпреварувања.
Следната станица е Астана, натпревар со Казахстан в понеделник, од каде сите очекуваме нови три бода. Но она што вчера го видовме во Скопје, веќе е победа сама по себе. Вака се гради национален тим, вака се гради нација!
Фото: ФФМ официјален фејсбук
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“













