
Елиф Елмас блескаше на теренот во ремито (1-1) против Белгија и уште еднаш потврди дека е еден од клучните играчи на македонската репрезентација. Во првиот дел од натпреварот го погоди дирекот, а во второто полувреме ја затресе противничката мрежа – гол кој, за жал, беше поништен поради минимален офсајд.
„Во првото полувреме двапати го погодивме дирекот. Недостигаше само малку среќа. И покрај тоа, покажавме квалитет и се надигрувавме со селекција од светски ранг. Не можам да кажам дека сум среќен, но бодот е вреден и го прифаќаме со задоволство“, изјави Елмас.
Тој потсети дека Македонија успешно ги започна квалификациите сега со пет освоени бода амбицијата останува висока.
„Секоја средба ја гледаме како шанса за нови три бода. И против Казахстан одиме по победа. Сакаме да дадеме максимум и да го претвориме нашиот сон – пласман на Светско првенство – во реалност. Овој резултат со Белгија ни е мотив плус за натпреварите што следат. Се надевам дека во следниот меч ќе ги освоиме трите бода“, додаде нашиот „дијамант“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
