
Бразилскиот репрезентативец Родриго го изненадил раководството на Реал Мадрид со својата одлука да сака да го напушти клубот ова лето, незадоволен од статусот што го има по доаѓањето на Килијан Мбапе. И покрај тоа што беше еден од клучните играчи во претходните сезони, Родриго смета дека неправедно е ставен во втор план, а тоа не сака да го прифати.
Шпанските медиуми откриваат дека Родриго отворено разговарал со претседателот Флорентино Перез, изразувајќи желба за трансфер, освен ако новиот тренер не му гарантира подобра улога во тимот. Од клубот се расположени да му излезат во пресрет, бидејќи не сакаат да имаат незадоволен играч во соблекувалната.
Најголем интерес за Родриго покажуваат Манчестер Сити и Арсенал. „Топчиите“ први стапиле во контакт со Реал, но изненадувачки, Манчестер Сити е во пол-позиција, откако менаџерот Пеп Гвардиола лично разговарал со Родриго и добил позитивен одговор. Бразилецот е воодушевен од идејата да биде лидер на новиот проект што Гвардиола го планира на „Етихад“.
Се очекува Реал да бара најмалку 100 милиони евра за да го пушти Родриго, сума што за Сити не претставува проблем. Арсенал, иако разочаран што Родриго го стави „на чекање“, не се откажува целосно и го следи развојот на ситуацијата.
Родриго има договор со Реал до 2028 година и беше доведен од Сантош во 2019 за 45 милиони евра. Можното заминување ќе биде дел од пошироката реконструкција на тимот, особено по доаѓањето на Мбапе и новиот тренер во најавa.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија
