
Фудбалската јавност во Македонија беше згрозена од последните моменти на натпреварот од 28-то коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Кожуф и Башкими, одигран вчера во Гевгелија.
Одлучувачкиот погодок на Башкими падна во последните секунди од натпреварот и веднаш беше окарактеризиран од многумина како „сомнителен“, со видеоснимки кои кружат на социјалните мрежи и дополнително ја подгреваат атмосферата.
По реакциите на ФФМ и соопштението на Башкими, сега се огласи и домаќинот, ФК Кожуф.
Во своето официјално соопштение, клубот од Гевгелија ги отфрли сите обвинувања дека играчите не се залагале доволно и дека имало нерегуларности, но истакна дека доколку се утврди вина, виновниците треба да бидат најстрого казнети.
„По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон ФК Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар, виновниците нека бидат најстрого казнети!“, се вели во соопштението на ФК Кожуф.
Случајот веќе е во рацете на надлежните органи, а одлуката на дисциплинските комисии на ФФМ ќе биде клучна за тоа дали ќе има санкции и какви ќе бидат тие.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона
