Третолигашот Осогово победнички почна со тест дуели за време на зимскиот подготвителен период славејќи со 2-1 на тестот во Кочани против второлигашот Плачковица од Радовиш, кој есенскиот дел од сезоната го заврши на 6. место во Втората лига – Исток.
Осогово до победата дојде сосема заслужено со погодоците на Андреј Рајатовски во 3. минута и Тоше Манов во 85. минута. Стрелец на голот за Плачковица беше Драги Коцев.
Тренерот на Осогово, Александар Андов натпреварот против Плачковица го почна со Јовановски, Стоиловски, Цветанов, Коцев, Каралиоски, Коцевски, Наумоски, Рајатовски, Стојов, Манов и Аксентиев.
Следниот контролен дуел за Осогово е на 23. февруари против Каменица Саса, исто така во Кочани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













