
Со денешниот натпревар меѓу Шкупи и Вардар, кој ќе се игра од 16 часот на стадионот во Чаир, започнува 30. коло во Првата македонска фудбалска лига. Станува збор за големото скопско дерби кое секогаш буди огромно внимание, без оглед на моментната форма или позиција на табелата на двете екипи.
Шкупи и Вардар овојпат влегуваат во мечот без преголем притисок во однос на резултатски императив, но со силни мотиви за престиж и докажување. За домаќините, победа против Вардар на Чаир значи повеќе од три бода – тоа е прашање на чест и гордост пред своите навивачи, да се одбрани стадионот.
Од друга страна, „црвено-црните“ се стремат да ја продолжат својата позитивна серија и да стигнат до 14-ти натпревар без пораз по ред.
Секако, дербито иама и друга страна, враќањето на Гоце Седлоски во Чаир, овојпат како тренер на Вардар. Тој во сезоната 2021/22 ја донесе шампионската титула назад на Чаир по повеќе од две децении. Но денеска ќе се обиде да го води Вардар до добар резултат против поранешниот клуб.
Останатите натпревари од 30. коло ќе се одиграат утре од 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер Мајами само до бод против Торонто
