
На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, еднa од најголемите легенди на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, човек со кои се врзани најголемите успеси на прилепскиот тим во самостојна Македонија.
Здравески беше капитен на Победа за време на првата шампионска круна на прилепскиот тим, а потоа и тренер на тимот кога ја освои и втората титула.
Ја предводеше екипата на Победа на легендарните натпревари против Парма во 2000 година.
Целата кариера ја мина во прилепскиот тим, како фудбалер, потоа стана и капитен, на крајот и како тренер. Работеше и како координатор на младинската школа на фудбалската гордост на Прилеп.
Кратко беше тренер и на тимот на 11 Октомври, кога овој тим се натпреваруваше во Првата лига. Беше прогласен за најдобар тренер од страна на ФФМ во 2007 година.
Здравески беше и репрезентативец на Македонија. Настапи два пати за националниот тим во пријателски натпревари против Албанија во Прилеп, и против Азербејџан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал и ПСЖ во битка за финале во ЛШ
