Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, сподели дека 112.000 лева (околу 60.000 евра) биле собрани од хуманитарниот натпревар меѓу ветераните на Бугарија и Македонија, што се одигра вчера во Варна.
Идејата беше преку овој настан да се соберат средства за жртвите од големата трагедија во Кочани.
„Еден исклучително емотивен ден! Првиот хуманитарен настан на фондацијата ‘Национали 94’! Фудбалот уште еднаш покажа дека е посилен од сè! Собравме 112.000 лева за хуманитарната цел – настраданите од пожарот во Кочани. Им благодарам на моите пријатели Горан Пандев и Ѓоко Хаџиевски што веднаш се одзваа на поканата! Патот на четвртите во светот продолжува“, напиша Христо Стоичков на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













