Connect with us

Лацио „замрзна“ во Норвешка, Бодо/Глимт славеше со 2-0 (ВИДЕО)

Норвешкиот тим Бодо/Глимт продолжува со импресивни настапи во Лига Европа. Вечерва, на домашен терен славеше со 2-0 против Лацио, во првиот натпревар од четвртфиналето на второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Натпреварот се одигра во вистински зимски услови. Бодо/Глимт доминираше и заслужено стигна до триумф.

Домаќините експлодираа во вториот дел. Само 69 секунди по почетокот на второто полувреме, Урлик Салтнес се снајде во шеснаесетникот и донесе водство за Бодо/Глимт од 1-0.

Во 69. минута, истиот фудбалер повторно беше прецизен и го зголеми водството на 2-0.

До крајот на мечот, Бодо/Глимт имаше уште две одлични шанси, но голманот на Лацио успеа да спречи поубедлив пораз за римскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови