
Арсенал се појавува како најсериозен кандидат за ангажман на Виктор Ѓокереш и веќе подготвува официјална понуда до Спортинг Лисабон, која треба да биде испратена пред крајот на сезоната, објавува португалскиот весник „А’ Бола“. Во Лисабон веќе знаат дека „топчиите“ се меѓу најзаинтересираните за 26-годишниот напаѓач, а самиот играч го гледа лондонскиот клуб како една од своите омилени дестинации.
Неговата иднина сè повеќе се поврзува со Англија и посебно со посакуваната Премиер – лига.
Арсенал одамна го следи шведскиот репрезентативец како можност за засилување на нападот следната сезона. Според британскиот „Сан“, клубот располага со буџет од 234 милиони евра за доведување на тројца фудбалери ова лето. Освен Ѓокереш, на списокот се и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
Иако го следат и Александер Исак од Њукасл, на „Емирати“ го гледаат Ѓокереш како поевтина, но исто така ефикасна опција која гарантира голови. Да потсетиме, шведскиот голгетер има неверојатни 44 голови на 44 натпревари сезонава во дресот на Спортинг, и е импресиониран од проектот што му го презентирал Микел Артета.
Арсенал е еден од трите англиски клуба кои тој ги преферира, покрај Манчестер Сити и Ливерпул.
Иако е поевтин од Исак, во Арсенал се свесни дека ќе треба сериозно да платат ако сакаат да го добијат напаѓачот на Спортинг. Се очекува понудата да не биде помала од 70 милиони евра, но во Лисабон сметаат дека наддавањето може да ја крене цената блиску до откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.
Виктор Ѓокереш вкупно има постигнато 87 голови на 94 натпревари за Спортинг. Во Лисабон дојде во 2023 година од Ковентри за 20 милиони евра, плус дополнителни 4 милиони во бонуси. Неговиот договор важи до јуни 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
