
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше пресреќен по победата над Реал Мадрид (3-0). „Топчиите“ го совладаа шпанскиот гигант со два гола на Деклан Рајс и еден на Микел Мерино, со што се приближија до полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Горд сум. Нашата игра беше совршена. Направивме сè што требаше за да победиме. Никогаш досега не сум видел таква атмосфера на стадионот, а головите на Рајс беа вистинска магија. Тие го отсликуваат нашето целокупно издание“, изјави Артета.
„Бев убеден дека можеме да победиме. Уште пред натпреварот чувствував дека можеме да им зададеме сериозни проблеми на Реал. Но, мораше да го исполниме планот. За тоа беше клучно да веруваме и да излеземе со вистинскиот менталитет. Успеавме во тоа, но ова е само половина од патот“, додаде шпанскиот стратег.
„Нема друг тим против кој мотивацијата е поголема. Реал е најуспешниот клуб во ова натпреварување – и тоа со голема разлика. Сега ќе ја прославиме победата, но знаеме дека во Мадрид ќе мораме да одиграме уште подобро“, предупреди Артета.
„Најважно е што им дадовме повод за гордост на нашите навивачи. Направивме голем чекор во вистинската насока“, додаде менаџерот на Арсенал.
Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е закажан за 16 април, а победникот од двомечот ќе се сретне со Пари Сен Жермен или Астон Вила во полуфиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
