
Вечерва Лигата на шампионите ни носи вистински фудбалски спектакл – стартуваат четвртфиналните пресметки, а првите дуели се: Баерн Минхен против Интер и Арсенал против Реал Мадрид.
📍 Во Минхен, Баерн и Интер ќе се сретнат во судир на европски титани. Добра вест за тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е враќањето на капитенот Лаутаро Мартинез, кој повторно ќе го предводи нападот заедно со Турам. Баерн, предводен од Винсан Компани, ќе настапи со најсилниот состав кој му е на располагање.
🔵 Баерн Минхен (3-4-3): Урбиг; Станишиќ, Даер, Ким; Лајмер, Горецка, Кимих, Гереиро; Олисе, Кејн, Сане
⚫ Интер (3-5-2): Зомер; Павар, Ачерби, Бастони; Дармијан, Барела, Чалханоглу, Михтарјан, Аугусто; Турам, Мартинез
🏟️ Во Лондон, Арсенал ќе се обиде да ја продолжи неверојатната серија без пораз на „Емирати“ во ЛШ, каде веќе десет натпревари се непоразени. Микел Артета оди на офанзива против силниот Реал Мадрид, кој пак пристигнува со целата огнена моќ на располагање за Карло Анчелоти.
🔴 Арсенал (4-3-3): Раја; Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели; Одегард, Парти, Рајс; Сака, Мерино, Мартинели
⚪ Реал Мадрид (4-3-3): Куртоа; Валверде, Раул Асенсио, Рудигер, Алаба; Модриќ, Камавинга, Белингам; Винисиус, Мбапе, Родриго
⏰ Натпреварите започнуваат во 21:00 часот, а љубителите на фудбалот сигурно ги очекува возбудлива вечер исполнета со страст, драма и многу голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
