Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин (57), заработил вкупно 3,46 милиони евра бруто за сезоната 2023/24, според официјалниот финансиски извештај на европската фудбалска организација. Тоа претставува зголемување од речиси 400.000 евра во однос на претходната сезона.
Во извештајот на УЕФА, се наведува:
„Александар Чеферин беше повторно избран за претседател на УЕФА на редовниот конгрес во Лисабон на 5 април 2023 година, за нов четиригодишен мандат. За сезоната 2023/24 тој доби фиксен надомест од 3.250.000 швајцарски франци бруто. Претседателот на УЕФА не добива бонуси. УЕФА придонесува за неговите социјални трошоци, пензиски фонд и осигурување од несреќи.“
Во сезоната 2022/23, Чеферин заработи 2.875.000 швајцарски франци (приближно 3,07 милиони евра), што значи дека оваа година неговата плата е зголемена за околу 375.000 швајцарски франци.
Александар Чеферин е роден на 13 октомври 1967 година во Словенија. Се стекнал со високо образование во областа на правото на Универзитетот во Љубљана, а потоа се приклучил во семејната адвокатска фирма, каде што се фокусирал на спортско право и застапување на спортисти и клубови.
Чеферин започна да се вклучува во спортскиот менаџмент во 2005 година преку футсал клубот Литија, а потоа беше и дел од НК Олимпија Љубљана (2006–2011).
Во 2011 стана претседател на Фудбалската федерација на Словенија, а во септември 2016 беше избран за претседател на УЕФА.
Потекнува од угледно семејство, брат му Рок е претседател на словенечкиот Уставен суд, а сестра му Петра е професорка на Архитектонскиот факултет во Љубљана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













