Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на официјалната интернет-страница објави соопштение по повод реакциите на домашната екипа Тиквеш за досудениот корнер по кој Вардар даде гол.
Од кавадаречкиот тим протестираа дека немало корнер, но видеото покажува друго.
„Во врска со реакциите на дел од фудбалерите и навивачите на ФК Тиквеш, поврзани со корнер на мечот Тиквеш – Вардар, по кој гостинската екипа во следната акција постигна погодок, Судиската комисија ја доставува на увид видео снимката од моментот во 67-мата минута од натпреварот. Врз основа на видео материјалите, се потврдува дека одлуката на судијата во конкретната ситуација е целосно исправна“, велат од ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













