Џејдон Санчо сè уште не постигнал договор за личните услови со Рома, иако Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде за околу 20 милиони фунти. Главната пречка е огромната плата на англиското крило.
25-годишниот Санчо моментално заработува околу 15 милиони фунти по сезона на „Олд Трафорд“. Од Рома нудат почетна годишна плата од 4,5 милиони евра плус бонуси, со можност за постепено зголемување во наредните години доколку прифати да заигра на „Олимпико“.
Јунајтед веќе му соопшти на фудбалерот дека нема иднина во клубот, а доколку се согласи на преселба во Рим, трансферот може многу брзо да биде завршен.
Минатата сезона Санчо играше на позајмица во Челси, кој дури плати одредена компензација за негово предвремено враќање во Манчестер.
Англичанецот не брза со конечната одлука бидејќи има понуди и од Јувентус и Бешикташ, додека неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд исто така е заинтересиран за можно враќање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













