Македонскиот репрезентативец Агон Елези доживеа непријатна повреда на мечот меѓу Сараево и Посушје. Тој го исчаши рамото и веројатно го очекува пауза од најмалку три седмици.
Агон Елези мораше да го напушти теренот по само неколку минути, а тренерот Хусреф Мусемиќ му даде шанса на Александар Ѓорѓевиќ.
„Имавме несреќа што Елези се повреди во првата минута. Тоа многу нè наруши, особено што имаме играчи кои се враќаат од повреда. Најважно е што победивме, треба да им честитаме на играчите и да им се заблагодариме на навивачите. Играта не беше на она ниво на кое требаше да биде“, изјави Мусемиќ и откри што точно се случило со македонскиот репрезентативец.
„Го исчаши рамото. Имаме проблеми и повреди на други фудбалери, Ѓорѓевиќ се враќа од повреда, но успеа да одигра. Имаме многу проблеми, но најважно е што победивме“, додаде Мусемиќ.
Селекторот Благоја Милевски за околу две седмици ќе го има првиот собир на националниот тим, пред пријателскиот меч со Саудиска Арабија во Прага, а потоа и квалификацискиот меч со Лихтенштајн во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













