Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, испрати јасна порака до својот поранешен фудбалер од Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш. Шведскиот голгетер, кој го одведе Спортинг до две последовни титули и постигна неверојатни 39 гола во сезоната 2024/25, ова лето прејде во Арсенал за 64 милиони фунти.
Ѓокереш денеска ќе се соочи со својот поранешен тренер на „Олд Трафорд“, во дербито против Јунајтед. Аморим предупреди дека напаѓачот ќе мора брзо да се прилагоди на суровите физички барања на англиската Премиер – лига.
„Ова е поинаква лига, физичката игра е сосема различна“, изјави Португалецот. „Виктор е врвен играч и ќе донесе нов квалитет во Арсенал, но пред него стои предизвикот да се навикне на интензитетот во Премиер – лигата. Не е изненадување што заврши во голем клуб како Арсенал.“
Ѓокереш веќе има искуство на Островот, започна во академијата на Брајтон, а вистински блескаше во Чемпионшип со Ковентри, пред трансферот во Спортинг во 2023 година.
Во пресрет на големото дерби, Аморим потврди дека новото засилување Бењамин Шешко е подготвен за старт, а голманот Андре Онана целосно се опоравил од повредата на бутниот мускул. На располагање е и Џошуа Зиркзе, додека Лисандро Мартинез и Нусаир Мазрауи најверојатно ќе го пропуштат натпреварот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













