По нерешениот резултат со Арсими, во натпреварот од првото коло во Прва МФЛ, Башкими денеска ќе се соочи со Работнички. Ресул Мемети верува дека ќе биде тежок натпревар, но потсетува дека дуелите со Работнички секогаш можат да биде непредвидливи.
„Нѐ очекува многу тежок натпревар на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Екипата на Работнички се покажа како најнепредвидлив тим во Првата лига. Треба навистина да бидеме на високо ниво, физички и тактички. Се подготвуваме добро и веруваме во позитивен резултат“, вели Мемети за официјалниот сајт на ФФМ.
Според него, навивачите можат да го инспирираат тимот од Куманово и да приредат изненадување против фаворизирана екипа на Работнички.
„Нашето тајно оружје се навивачите и желбата да покажеме дека Башкими ќе биде изненадување во првенството оваа година. Навистина ја имаме поддршката и се разбира дека сакаме да ги израдуваме“, рече Мемети со полн оптимизам.
Натпреварот помеѓу Работнички и Башкими се игра на Националната Арена „Тодор Проески“, во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













