
Белгискиот фудбалер Кевин Де Бруин (33) официјално потврди дека ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната.
Креативниот играч за врска преку емотивна порака на социјалните мрежи објави дека нема да го продолжи договорот со „граѓаните“ и дека ќе стане слободен играч по десет години минати на „Етихад“.
„Секоја приказна има свој крај, но ова беше најдоброто поглавје“, стои меѓу другото во пораката на искусниот играч, кој оваа сезона има 31 настап за Сити во сите натпреварувања, со четири постигнати голови и седум асистенции.
Dear Manchester. 💙 pic.twitter.com/2EdhVYOLti
— Kevin De Bruyne (@KevinDeBruyne) April 4, 2025
Де Бруин пристигна во Манчестер летото 2015 година од Волфсбург за 76 милиони евра. Во текот на својот престој во клубот, се етаблираше како еден од најдобрите играчи на средината од теренот во светот.
Со Сити освои една титула во Лигата на шампионите, шест титули во Премиер – лигата, два ФА купа, пет Лига купа и два „Комјунити шилда“.
Кариерата ја започна во Генк, од каде што во јануари 2012 година се пресели во Челси. Во Лондон не доби многу шанса, па по позајмици во Генк и Вердер, во јануари 2014 година се пресели во Волфсбург.
Во последните месеци многу се шпекулираше за неговата иднина – се споменуваа клубови од МЛС – лигата и Саудиска Арабија, а ни самиот Де Бруин не ја исклучи можноста за трансфер на Блискиот Исток.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
