
Неколку часа по добрата вест за Барселона во врска со регистрацијата на Пау Виктор и Дани Олмо, претседателот на клубот Жоан Лапорта и тренерот Ханси Флик присуствуваа на фотоизложба посветена на последните 30 години од проектите на Фондацијата Барса, низ објективот на Ким Манреса.
Првиот човек на Каталонците се обрати пред присутните, изразувајќи благодарност до германскиот стратег по одлуката на Националниот спортски совет (ЦСД), со која се дозволува регистрацијата на двајцата фудбалери до крајот на сезоната.
„Благодарам, мистер, што сте тука. Правите одлична работа. Пресреќни сме. Во Барселона мора да се бориме против сè и сите. Таков е животот“, рече Лапорта.
„Секако дека бевме загрижени за Пау Виктор и Дани Олмо. Не е случајно што вакви вести се појавуваат пред натпревар. Знаеме како оди тоа. Според мене, тоа се обиди за дестабилизација на тимот. Кога излегуваат вакви информации, играчите и тренерот се вознемируваат“, додаде тој.
„За среќа, играчите останаа цврсти. Знаеме дека не можат да нè победат на теренот. Се обидуваат на други начини, но нема да дозволиме да нè погодат. Нека уживаат во овој момент: Барселона има тим кој се бори на сите фронтови. Сонувањето е бесплатно. Сезоната е тешка, но веќе се справивме со многу предизвици“, заклучи претседателот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер
