Последниве години сведочевме на бројни случаи на местење натпревари, но сега вниманието е насочено кон судиите и нивните технички асистенти. Ако некој мислеше дека со ВАР ќе се репи проблемот, од Бугарија доаѓа најновиот скандал.
На натпреварот меѓу ЦСКА и Локомотив Софија (1-0), камерата ненамерно открила загрижувачки момент – еден од техничките оператори во ВАР собата бил снимен како на својот мобилен телефон проверува страници за обложување.
Вообичаено, пред стартот на натпреварите во многу европски лиги, ТВ-преносот прикажува кадри од ВАР просторијата. Така беше и овојпат, но гледачите во Бугарија останаа шокирани кога забележаа дека операторот, кој им помага на судиите при изборот на снимки, се занимава со нешто сосема друго – прегледување на апликација за обложување.
ВАР судијата Волен Чинков и неговиот асистент Стојан Арсов биле фокусирани на мониторите, додека операторот, кој се наоѓал до нив, не изгледал свесен дека е снимен. Кога сфатил дека камерата го прикажува, се забележало неговото изненадување.
Овој инцидент предизвика бура реакции на социјалните мрежи, а многумина бараат истрага од фудбалските власти во Бугарија. Иако не е потврдено дали операторот навистина се обложувал на самиот натпревар, самата можност за такво нешто отвора сериозни сомнежи за интегритетот на ВАР системот и објективноста на судиските одлуки.
Останува да се види дали официјалните институции ќе реагираат и дали овој случај ќе добие епилог кој ќе спречи слични инциденти во иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













