
Дербито од Третата лига – Запад меѓу Тетекс и Влазрими заврши неславно. Натпреварот беше прекинат во 75-тата минута по инцидент на теренот, кога фудбалери на гостинскиот тим физички го нападнаа главниот судија Марјан Младеновски.
До прекинот резултатот беше 0-0, а тензиите кулминираа откако Младеновски досуди пенал за Тетекс. Ситуацијата настана по еден контакт во шеснаесетникот на Влазрими, што според судијата беше доволен за најстрога казна.
Наместо изведување пенал, натпреварот доби несакан тек, а судијата веднаш го прекина натпреварот.
Се очекува Фудбалската федерација на Македонија да реагира и да преземе соодветни мерки за инцидентот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski