
Пауло Дибала, ѕвездата на Рома, се врати во Италија по медицинската интервенција на неговото лево колено, извршена во Лондон. Аргентинскиот напаѓач се здоби со повреда на тетивата за време на натпреварот против Калјари, по што мораше итно да замине на операција.
🔙 Paulo #Dybala è tornato a Roma dopo l’intervento chirurgico a Londra #ASRoma 🟨🟥 pic.twitter.com/hbQMNjAwZH
— Il Romanista (@ilRomanistaweb) March 26, 2025
По пристигнувањето на аеродромот, Дибала беше забележан со патерици, придружуван од својата партнерка Оријана. Иако визуелно изгледаше стабилно, сепак тој самиот изјави:
„Можам да одам и без патерици, но лекарите инсистираа да продолжам да ги користам уште некое време. Сакам сè да заздрави како што треба.“
Раководството на Рома и навивачите со нетрпение го очекуваат неговото целосно заздравување и враќање на теренот, каде што повторно ќе може да го покаже својот препознатлив фудбалски талент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski