
Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница на УО го назначи Леонид Јандреоски за нов Генерален секретар на ФФМ. Тој е назначен за прв оперативец во „Куќата на фудбалот“ со мандат од четири години.
Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.
Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.
Секој клуб од Првата МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема.
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.
Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).
Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.
Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
