
Денови на тага ја обвиваат цела Македонија, која жали за жртвите од трагедијата во Кочани и се надева на брзо закрепнување на повредените. Сепак, фудбалерите утре ќе мора да излезат на терен во Вадуц, каде што ги очекува квалификациски дуел против Лихтенштајн на стартот од патот кон Светското првенство 2026.
Но, овој натпревар ќе биде повеќе од обична спортска борба – тој ќе биде одигран во чест и спомен на загинатите. Македонските репрезентативци ќе се обидат болката и гневот што го носи секој граѓанин да ги претворат во дополнителна сила, да дадат сѐ од себе на теренот и да ја посветат играта на оние што повеќе не се со нас, но засекогаш ќе останат во нашите срца.
Македонската селекција ќе настапи во темни дресови, на кои ќе биде испишан натписот „Кочани“ – симболичен начин да се оддаде почит на жртвите. Головите што ќе бидат постигнати нема да се слават со еуфорија, туку со поглед кон небото, како тивка посвета за трагедијата што ја потресе целата нација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
