
Реал Мадрид славеше со 2-1 против Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, обезбедувајќи минимална предност пред реваншот.
Тимот на Карло Анчелоти одигра тактички зрел натпревар и ги искористи своите шанси, но Атлетико и Диего Симеоне остануваат во игра за пласман во четвртфиналето, особено со оглед на нивната сила на домашен терен.
Реал поведе рано, уште во четвртата минута, кога Федерико Валверде мајсторски го проигра Родриго, а Бразилецот со прецизен удар го совлада Јан Облак. Атлетико делуваше безопасно до 32. минута, кога Хулијан Алварез со неверојатен соло-потег го постигна еден од најубавите голови оваа сезона и донесе израмнување.
Во второто полувреме, Реал повторно ја презеде контролата и во 55. минута Брахим Диаз ја врати предноста за „кралевите“. Тој бурно го прослави голот со скок во публиката, што му донесе жолт картон. До крајот, Реал имаше шанси и за трет гол преку Килијан Мбапе, но Облак ги одбрани неговите обиди.
Реваншот на „Ванда Метрополитано“ ќе биде неизвесен, бидејќи Атлетико е силен дома и ќе даде сè од себе за да се пласира во четвртфиналето.
Арсенал направи огромен чекор кон четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го декласира ПСВ Ајндховен на гости со неверојатни 1-7. „Топџиите“ одиграа спектакуларен натпревар во Холандија, а реваншот во Лондон изгледа како формалност, бидејќи само чудо може да ги спречи да бидат меѓу најдобрите осум во Европа.
Домашниот тим прв се закани во 15. минута, но Давид Раја со малку среќа ја сочува својата мрежа. Само две минути подоцна, Арсенал ја искористи првата прилика – Деклан Рајс испрати совршен центаршут, а Јуриен Тимбер скокна највисоко и погоди за 0-1.
ПСВ не стигна ни да се соземе, а веќе губеше со 0-2. Во 20. минута, 17-годишниот Итан Нванери постигна втор гол во ЛШ сезонава, откако доби асистенција од уште еден млад талент, Луис Скели. Само 10 минути подоцна, Микел Мерино зголеми на 0-3.
Домашниот тим сепак не се предаде, па во 41. минута доби пенал по прекршокот на Парти над Де Јонг. Ланг беше сигурен од белата точка и намали на 1-3, резултат со кој се замина на пауза.
Но, второто полувреме донесе тотална доминација на Арсенал. Капитенот Мартин Одегард стрелаше за 1-4 во 47. минута, а веднаш потоа Леандро Тросард зголеми на 1-5. Одегард постигна уште еден фантастичен гол во 73. минута за 1-6, а конечните 1-7 ги постави Рикардо Калафиори во 85. минута.
Со ваква победа, Арсенал практично си обезбеди место во четвртфиналето, а ПСВ ќе има само теоретски шанси во реваншот на „Емирати“.
Борусија Дортмунд и Лил одиграа 1-1. Карим Адејеми донесе водство за „милионерите“, но израмни Харалдсон во вториот дел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн го продава Кингсли Коман

Интернационалци
Торино сака да го откупи Елиф Елмас од Лајпциг
