Connect with us

Јамал: Славата има и лоши страни, веќе не можам да имам нормален живот

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, призна дека по освојувањето на европската титула со Шпанија минатото лето, неговиот живот значително се променил и не му е лесно да се носи со огромната популарност што го снајде.

„Сè е поинаку. Каде и да одам, луѓето ме препознаваат. Претходно можев слободно да патувам со авион, но сега е тешко да останам незабележан на кој било аеродром. Славата има добри, но и лоши страни. Веќе немам нормален живот. Не можам да прошетам со брат ми или да излезам некаде со мајка ми“, изјави 17-годишниот напаѓач во интервју за официјалниот сајт на УЕФА.

„Го сакам крајот во кој пораснав. Таму има луѓе од различни култури и сите сме како браќа. Тоа е местото каде што можам да се одморам без никој да ме вознемирува“, сподели Јамал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови