Ливерпул и Арсенал ја продолжуваат битката за титулата во Премиер – лигата, иако „црвените“ имаат солидна предност пред својот конкурент и многумина веќе ги сметаат за нов шампион на Англија.
Сепак, ривалството меѓу двата клуба ќе продолжи и надвор од теренот.
Вчера стана јасно дека Арсенал покажува сериозен интерес за германскиот репрезентативец Џошуа Кимих, чиј договор со Баерн Минхен истекува ова лето.
Преговорите меѓу Баерн и Кимих не одат во позитивна насока, а шансите тој да остане на „Алијанц Арена“ се многу мали.
Од јануари, Кимих може да преговара со други клубови кои ќе можат да го ангажираат како слободен играч ова лето.
Покрај Арсенал, интерес за потписот на Кимих покажува и Ливерпул. Очекувањата се дека „црвените“ ќе бидат доста активни на летниот трансфер пазар, имајќи предвид дека минатото лето донесоа само двајца играчи, голманот Гиорги Мамардашвили, кој остана на позајмица во Валенсија, и Федерико Киеза, кој пристигна во последниот ден од прозорецот, но ретко добива шанса за настап на „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













