
Баерн Минхен синоќа славеше против Штутгарт со 1-3 во 24. коло од Бундес-лигата, а по натпреварот челниците на баварскиот клуб испратија порака до една од најголемите ѕвезди на тимот.
Со головите на Олисе, Горецка и Коман, Баварците стигнаа до победа против Штутгарт и го продолжија одличниот серијал без пораз.
По натпреварот, новинарите го застанаа спортскиот директор Макс Еберл и го прашаа за иднината на една од најголемите ѕвезди на клубот, Џошуа Кимих.
„Никој не е поголем од клубот. Ако играчот одлучи поинаку, тоа е негова одлука. Без разлика што ќе се случи, работите во Баерн Минхен ќе продолжат нормално. Имаше одлични играчи кои мораа да го напуштат клубот без обештетување, бидејќи не успеавме да се договориме за нов договор. Такви работи се случуваат“, порача Еберл.
Со оваа изјава, спортскиот директор речиси потврди дека преговорите за нов договор пропаднале, како што се пишуваше претходните денови.
Заминувањето на Кимих без никакво финансиско обештетување е сериозен удар за Баерн Минхен од повеќе причини. Прво, ќе загубат квалитетен играч кој е многу важен за системот на Баварците, а второ, тоа е голем финансиски удар. Германецот е фудбалер кој можеше добро да се продаде, но според моменталната ситуација, тој ќе го напушти клубот без никаква компензација.
Кимих пристигна во Баерн Минхен во 2015 година од Лајпциг. Во Бундес-лигата има одиграно 285 натпревари за Баерн, постигна 27 голови и забележа 79 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Евро-фудбал
Сорлот сака да си замине од Атлетико Мадрид

Евро-фудбал
Донарума се договори со Манчестер Сити

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Победата е најважна, патот е долг

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
