Федерико Валверде ќе го пропушти третиот последовен натпревар на Реал Мадрид, откако и денес не тренираше со останатите соиграчи. Тој е најкористениот фудбалер од Карло Анчелоти во тимот од Мадрид, а до минатиот викенд немаше пропуштено ниту еден натпревар од почетокот на сезоната. Сепак, потоа не настапи против Џирона и Реал Сосиедад, а сега отпадна и за гостувањето кај Бетис во сабота навечер.
Во основа, Феде се чувствуваше преморен, но имаше и повреда, што очигледно сè уште го држи надвор од теренот.
Уште еден играч од средниот ред на Реал Мадрид се здоби со повреда овие денови, Дани Себалјос, а тимот нема да може да смета ниту на Џуд Белингам, кој е суспендиран за гостувањето во Севилја.
Себалјос ќе биде надвор од терените два месеца, додека Валверде и Белингам би требало да бидат подготвени за првиот дуел со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите во вторник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













