Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, призна дека чувствува зголемен притисок врз себе, особено по поразот од Болоња во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Сепак, тој вети дека ќе продолжи да работи со иста страст и посветеност, освен ако клубот не донесе поинаква одлука.
Сезоната на Милан е на работ на колапс, по испаѓањето од Лигата на шампионите и двата последовни порази во Серија А, кои ги оставија на осмата позиција во табелата. Тимот е на осум бода зад Јувентус, кој го држи последното место што води во Лигата на шампионите, а до крајот остануваат 12 натпревари.
Милан синоќа загуби со 1-2, но Консеисао останува оптимист дека тимот може да избори место во европските купови.
„Сè уште е во наши раце. Ако клубот смета дека не сум вистинскиот човек за оваа работа, ќе си заминам. Но, додека тоа не се случи, ќе продолжам да работам со иста страст како и секогаш“, изјави Консеисао.
„Во моментов работиме напорно, сите сме посветени, но резултатите не доаѓаат, што е разочарувачки. Над Милан како да се надвиснал облак, од кој можеме да излеземе само со победи, бидејќи резултатите се тие што прават разлика.“
Тој исто така смета дека критиките кон него се неоправдани и дека не е единствениот виновник за состојбата на тимот.
„Ако повеќе не сум потребен, ќе си заминам без да барам ниту едно евро. Имам околу 100 натпревари во Лигата на шампионите и освоени 13 трофеи. Постојат тренери кои немаат ниту еден, а добиваат огромна толеранција. Некои луѓе ги паметат моите успеси, но има и такви што зборуваат со злоба. Имам семејство и соседи кои гледаат што се случува, и тоа не е фер“, заврши португалскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













