Connect with us

Елмас со магичен гол дебитираше за Торино (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на најдобар можен начин се врати на терените во Серија А, постигнувајќи гол на своето деби за Торино. Постигна магичен гол, ја протна топката низ нозете на противнички играч, а потоа и луцидно го лобуваше голманот. И тоа само три минути откако влезе на теренот.

Елмас доби шанса во 62.минута, а веќе во 65.минута постигна погодок, во тој момент за водство на Торино од 1-2. Сепак, до крајот Болоња направи пресврт и славеше со 3-2, со голот на Ндоје од пенал и автоголот на Бираги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови