Connect with us

Милевски: Видов некоја нова енергија кај македонските клубови на подготовките во Анталија

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски во Анталија ги следеше контролните натпревари на клубовите од Првата лига кои своите подготовки за претстојната полусезона ги одработуваа во турскиот туристички центар.

Нашиот селектор заедно со техничкиот менаџер во А селекцијата ги следеше натпреварите на Вардар против грузискиот првак Иберија и унгарски Чаквар, мечевите на Шкендија против Јелимај (Казахстан) и Зорја (Украина), потоа Шкупи против Полонија (Полска) и Септември Софија (Бугарија), контролните натпревари на Струга Трим Љум против Кизилжар (Казахстан) и словачки Михаловце и пресметката на Силекс против Пахтакор (Узбекистан).


Покрај тоа, Милевски го следеше и настапот на нашите интернационалци од Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Херара против Каират.

„Впечатоците од натпреварите на македонските екипи во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, но очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите на овие натпревари кои ги следевме, во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од ПМФЛ. Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал и е неопходно за добар резултат. Ова беа натпревари без резултатско значење, но сепак даваат одредена слика за квалитетот на екипите и индивидуалните карактеристики на фудбалерите. Продолжуваме да ги следиме сите фудбалери кои сметаме дека имаат репрезентативен потенцијал, а нивните настапи се клучни во однос на изборот за место во најдобрата репрезентација“, изјави селекторот Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови