Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, ја критикуваше одлуката на Фудбалската федерација на Шпанија завршницата на Суперкупот се игра во Саудиска Арабија.
Напаѓачот на Атлетик по поразот во полуфиналето против Барселона (2:0) се пожали што овој турнир се игра далеку од навивачите.
„За нас, иако имавме неколку навивачи, игравме на гости. Штета, бидејќи ваков атрактивен натпревар, ако се игра поблиску, стадионот ќе бил исполнет со многу наши навивачи. Срамота е да мораш да одиш илјадници километри од нашите луѓе, од нашите семејства“, искрено изјави Вилијамс.
Но, Вилијамс не застана тука, туку порача дека нема смисла да се игра во Саудиска Арабија.
„За мене нема смисла да играме во Саудиска Арабија, но фудбалот сега е таков. Штета, за мене е тоа срамота и тага“, додаде напаѓачот на баскискиот тим.
Во второто полуфинале на Суперкупот на Шпанија, вечерва се среќаваат Реал Мадрид и Мајорка.
Финалето е на програмата на 12 јануари, а наградниот фонд е распределен според освоените титули, историјата и бројот на навивачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













