Фудбалската федерација на Македонија го назначи Горан Станиќ за нов селектор на фудбалската репрезентација до 21 година. Сепак, тој ќе остане на кормилото на Работнички до крајот на сезоната, со оглед дека квалификациите од новиот циклус почнуваат од септември.
Ова е еден вид џентлеменски договор со раководството на Работнички и со Горан Станиќ, поради тоа што „романтичарите“ имаа одлични резултати под негово палка во првиот дел од сезоната и наметнаа амбиции за највисок пласман.
Горан Станиќ беше во стручниот штаб на Игор Ангеловски на Европското првенство како аналитичар, а во минатото беше и селектор на селекциите до 17 и до 19 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













