Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, беше повеќе задоволен од изведбата на својот тим при ремито 0-0 против Евертон овој викенд, отколку од победата со 2:1 против Брентфорд минатата недела.
„Ова беше вистински натпревар. Многу сум среќен затоа што настапот на момците беше фантастичен. Понекогаш треба да играте различен тип на натпревар, а ние учиме да играме токму така. Евертон е еден од најдобрите тимови во Европа кога станува збор за одбрана на својот гол“, изјави Мареска.
„Им реков на играчите дека сум позадоволен сега, иако не победивме, отколку после натпреварот против Брентфорд. Се обидовме сѐ. Секако, секогаш може да направите нешто подобро, но многу сме среќни, затоа што ова е стадион на кој тешко се гостува, не само за нас, туку и за сите останати тимови во Премиер – лигата“, додаде менаџерот на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













