Лацио ја забележа својата 11. победа во Серија А оваа сезона, совладувајќи го Лече со 1-2 на гостински терен. Гостите успеаја да ја искористат бројната предност, откако Гилберт беше исклучен во 45. минута.
По исклучувањето, Кастељанос го реализираше пеналот за водство на Лацио. Сепак, Лече не се предаде и успеа да израмни преку Тете Моренте на почетокот од второто полувреме, во 50. минута.
Во завршницата на натпреварот, Адам Марушиќ постигна спектакуларен гол во 87. минута, носејќи им ја победата и трите бода.
По овој триумф, Лацио е на четвртата позиција на табелата, со вкупно 34 освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













