
Нотингем Форест продолжува со одличните настапи оваа сезона во Премиер лигата. „Шумарите“ остварија победа на гости против Брентфорд со 0-2, што им е деветти триумф оваа сезона, со што се искачија на третото место на табелата. Сепак, имаат одиграно еден натпревар повеќе од четвртопласираниот Арсенал.
Првиот гол за Нотингем го постигна Ола Аина, а на почетокот од второто полувреме Антони Еланга го зголеми водството со вториот погодок.
Њукасл, пак, беше убедлив на гостувањето кај Ипсвич, каде славеше со 0-4. Александер Исак постигна хет-трик, а Џејкоб Марфи додаде уште еден гол.
Во Лондон, Вест Хем и Брајтон одиграа нерешено 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
