
Дефанзивецот на Лајпциг и на германската репрезентација, Бењамин Хенрикс, веројатно ја скинал Ахиловата тетива, што значи дека ќе паузира до крајот на сезоната, јавува агенцијата ДПА. Соиграчот на Елиф Елмас ќе мора на операција, а потоа го очекува и долг рехабилитациски процес.
Хенрикс падна далеку од топката во последните моменти од натпреварот при поразот на Лајпциг (1-5) од Баерн Минхен. Тој видливо чувствуваше болка и долго време беше третиран од медицинските лица на теренот по завршувањето на натпреварот, пред да биде изнесен со носилка.
Тренерот Марко Росе изјави дека стравува за десниот бек затоа што заработил тешка повреда на глуждот, но неговиот асистент Александар Циклер подоцна изјави дека станува збор за наводна повреда на Ахиловата тетива.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
