
Манчестер Сити најверојатно ќе биде воздржан на трансфер пазарот во јануари, како што изјави менаџерот Пеп Гвардиола. И покрај шпекулациите дека англискиот шампион би можел да донесе нов играч во средниот ред поради повредата на Родри, Гвардиола нагласи дека тоа ќе биде тешка задача.
„Не е лесно да се ангажираат играчи во зимскиот период. Клубовите не сакаат да продаваат, освен ако станува збор за фудбалери кои не играат редовно. Покрај тоа, цените на играчите се многу високи. Ќе видиме што ќе понуди пазарот, но најверојатно ќе се потпреме на оние играчи кои веќе се враќаат во форма, освен Родри. Имаме доволно играчи и се надевам дека наскоро ќе се вратиме на нивото на кое бевме“, изјави Гвардиола.
Гвардиола истакна дека не е приврзаник на зимските трансфери и ретко кога Манчестер Сити правел големи потези во овој период. Последниот значаен зимски трансфер беше пристигнувањето на Ејмерик Лапорт пред седум години.
„Разговарав со директорите за можноста да направиме нешто во јануари, но само доколку е апсолутно неопходно и доколку најдеме вистински играч. Не сакам да донесуваме некој само за пет-шест месеци. Претпочитам да почекаме до летото, кога ќе имаме поголема слика за сезоната и повеќе опции на пазарот“, додаде тој.
Иако Сити е отворен за можноста за засилување во зима, тоа ќе се случи само во исклучителни околности. Тимот повеќе ќе се фокусира на враќањето на играчите кои се веќе во составот и на долгорочните планови за летниот трансфер период.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
