Маркус Рашфорд, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, би можел да го напушти клубот во јануарскиот трансфер период и да ја продолжи кариерата во еден од тимовите од Саудиска Арабија. Има опција и да остане во Европа, а да се пресели на позајмица во италијанскиот шампион Интер.
Во последните две сезони, Рашфорд бележи значителен пад во формата, од еден од лидерите на тимот до играч кој често останува на клупата за резерви. Новиот менаџер на клубот, Рубен Аморим, не го гледа како клучен дел од својот проект и е подготвен да го пушти да замине.
Според англиските медиуми, се подготвува сензационален трансфер, со тимовите Ал-Ахли, Ал-Итихад и Ал-Кадисија од Саудиска Арабија кои се заинтересирани за потписот на англискиот напаѓач.
Само клубовите од Саудиска Арабија можат да ги исполнат неговите финансиски барања. Во Јунајтед, Рашфорд моментално заработува 300.000 фунти неделно, сума која за саудиските клубови не претставува проблем.
Со 27 години, ова би можело да биде неочекуван пресврт во кариерата на Рашфорд. Иако е во своите најдобри фудбалски години, неговата кариера е во пад, а настапите му се неконзистентни.
Втората опција е да се пресели на позајмица во Интер, но со договор меѓу двата клуба дел од платата сепак д аја покрива и Манчестер Јунајтед.
Рашфорд ја помина целата своја кариера во Манчестер Јунајтед, дебитирајќи во 2015 година под водство на Луј ван Гал. За клубот одигра 426 натпревари, постигнувајќи 138 голови и 63 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













